АКАДЕМСКИ СТУДИИ И НАПРЕДОК ВО ПРОФЕСИЈАТА

мај 13, 2024
1 min read

,,Почитувани колешки и колеги,

Ви го честитам Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари, кој се одбележува на 12 Мај секоја година и значи за жал само редовно потсетување на големината на оваа професија, но за жал без активни дејствија за нејзина дистинкција, диференцијација и етаблирање во здравството како посебна, определена јасно и дефинирана.

Овој ден се слави низ целиот свет за да се одбележи огромниот придонес на медицинските сестри и техничари во општеството. 12 Мај е избран за прв пат во 1974 година, како датум кој ќе се прославува, бидејќи овој ден е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, која се смета како прва модерна медицинска сестра. Професијата Медицинска сестра/техничар во здравствениот сектор e со главна цел, грижа за поединци, семејства и заедници за сите тие да можат да постигнат, одржуваат оптимално здравје, благосостојба на телото и квалитет на живот. Медицинските сестри се разликуваат од другите даватели на здравствената грижа според нивниот пристап кон пациентите, обуката и опсегот на пракса.Тие обезбедуваат нега во рамките на препораките на лекарите, и оваа традиционална улога ја обликува историски сликата за медицинските сестри како даватели на здравствени услуги.

Денес сликата во светот е поразлична бидејќи современите клиники имаат современи пристапи и нови поквалитетни и образовани профили кои јасно се дефинирани според СЗО, но за жал кај нас сеуште имаме дефицитот од овој профил кој во иднина ќе биде уште повеќе продлабочен ако јасно и гласно не се застане во дефинирање на професијата, нејзино етаблирање во здравствениот систем и дистинкција на образовните нивоа.

Донесување на Закон за медицински сестри и техничари кој закон ќе ги рефлектира истите како двигатели во болниците, ќе ги позиционира со законски определени компетенции, како ментори, предавачи со конкретни работни задачи и одговорности а со тоа ќе развие тој т.н. кариерен развој. Во превод, сестрите МОРА да добијат академски студии од 240 ЕКТС со што ќе имаме предавачи а не само демонстратори, едукатори и ментори на нововработени, членови на комисии за полагања и можност за развој и напредок на повисоки нивоа како специјалности и магистри во соодветните области а со тоа и квалитетни кадри на нашите факултети кои понатаму ќе го пренесуваат знаењето на новите студенти.

Слабата пракса и немањето редовни едукации и вежби, немањето контрола над работите последниве години доведе до потребата од целосен рестарт на здравството.

Нека им е честит овој ден на сите медицински сестри и техничари!!” Академски наместо стручни студии и дефинирање на професијата Медицинска сестра/ техничар беше апелот на членот на Централната комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ Гоце Марков кој меѓу другото истакна дека слабата пракса и едукација го намалува квалитетот на дадените и укажани здравствени услуги кон пациентите и потребата од рестарт на целото здравство.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ