ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24“ НА 17. МАЈ ВО КОЧАНИ

мај 15, 2024
1 минути

Општина Кочани и годинава ќе учествува во најголемата еколошка акција во државата „Генералка Викенд 24“, којашто по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај.

Еколошката акција во Кочани ќе се одржи на 17 мај со почеток во 09:00 часот, а ќе се расчистува на повеќе локации во градот. Во акцијата ќе учествуваат вработени во општинската администрација, КЈП „Водовод“, ученици од основно и средно образование, како и децата од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.

Акцијата „Генералка викенд 24“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара-Скопје, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула Отпад, Бучим, Макстил, ЕВН, Костал и Бимилк.

Општина Кочани ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на акцијата за чистење за да го направиме градот почист и поубаво место за живеење.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ