ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – КОЧАНИ: СООПШТЕНИЕ

мај 15, 2024
1 минути

Со отпочнувањето на матурските и полуматурските свечености, како во целата држава, така и на подрачјето што го покрива Полициската станица од општа надлежност — Кочани, зачестена е појавата на асоцијално и девијантно однесување на младата популација, особено на лицата кои оваа година го оформуваат средното образование.

Од тие причини апелираме до сите граѓани, а посебно до младите лица да го ограничат конзумирањето на алкохол при прославите на матурските свечености, без разлика дали свеченоста е организирана од страна на одделно училиште или пак се работи за приватна забава, како и да се воздржат од праксата за управување на моторни возила во периодот кога присуствуваат на матурските прослави

Заради сузбивање на негативните појави, ПС Кочани ќе врши зајакнати контроли на теренот, а против прекршителите на позитивните законски регулативи ќе бидат преземани сите законски мерки.

Началник на ОВР-Кочани – Горан Сандевски