Во сообраќајката која се случи денес попладне неколку метри над мостот за Општа болница со проширена дејност – Кочани, три лица се повредени.
Во сообраќајката учествувале четири патнички моторни возила сите со Кочански регистарски таблички.
Повредените лица се пренесени во Општа болница со проширена дејност – Кочани.
Според дежурната екипа во Општа болница со проширена дејност – Кочани најпрвин лекарска помош побарале маж и жена кои биле во едното возило а подоцна лекарска помош побарала и друга жена од друго возило.
Мажот (55) има посекотини на главата и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување, додека неговата сопатнича (54) се здобила со скршеница на левата надлактица, повреди на главата и вилицата и нагмечување на градите здобиено од заштитниот каиш. Другата жена која подоцна побарала помош не се сеќава на настанот а има повреди на главата и на градите исто како и првата од заштитниот каиш.
На место на настанот излезена е увидна екипа од Полициска станица – Кочани која ги утврдува причините за сообраќајката.
С. Ивановски
Благодарност до порталот „Гласно“ за фотографијата