БЛАГОДАРНОСТ ОД СЕМЕЈСТВОТО ЛАЗАРЕВИ ДО СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

јануари 4, 2022
0 минути

По едногласната одлука од страна на советниците на Советот на Општина Кочани во иднина досегашната Градска спортска сала да го носи името Сашо Лазарев – Чапо се огласи семејството Лазареви.

„Јас и мојот син Дино сакаме јавно да искажеме една голема благодарност до сите советници од Советот на Општина Кочани што на последната седница изгласаа досегашната Градска спортска сала во иднина да го носи името на нашиот Сашо Лазарев – Чапо. Поголемиот дел од животот на Сашо беше сврзан со настаните во салата, било како играч било како тренер, тој голем дел од денот поминуваше таму и честопати знаеше да каже дека тоа е неговиот втор дом. Кога слушнавме за донесената одлука иако тажни, сепак возбудени и радосни едноставно бевме шокирани па и тоа беше причината што веднаш не упативме благодарност. Еве сега ја користиме оваа можност јавно да се заблагодариме. Бидете живи и здрави и од Господ благословени“ се огласи сопругата на Сашо Лазарев – Чапо, Весна Лазарева.