Убав новогодишен подарок добија девојчињата од ЖФК „Кочани“. Подарокот е 25 дуксери кои ги обезбедија некогашните играчи на ЖФК „Кочани“ Драгана и Дијана Анѓелови и компанијата „Пенџер пласт“ од Кочани.
Сестрите Анѓелови се дел од екипата на ЖФК „Кочани“ која под водството на тренерот Оливер Јовановски во натпреварувачката 2013/2014 ја освоија двојната круна (шампиони и освојувачи на Купот) и кои во натпреварувачката 2014/2015 станаа победници на Купот на Македонија и вице шампиони.
При доделувањето на подарокот и двете сестри потенцираа што имаат чест да донираат дел од спортската опрема за клубот во кој ги доживеаја најдобрите спортски моменти.
Рекоа дека нема да биде само оваа донација, туку дека ќе се потрудат и во иднина колку што можат да помогнат бидејќи и самите знаат колку денес е тешко да најдеш некој да сака да помогне на некој спортски клуб.
„Навистина сме позитивно изненадени од ова што за нашиот клуб го направија Драгана и Дијана Анѓелови и компанијата Пенџер пласт за што од името на сите во клубот им упатувам голема благодарност. Оваа донација значи многу за овие млади девојчиња кои моментно ги бранат боите на клубот бидејќи и самите гледаат дека некој на нив мисли. Се надеваме дека добрината на нашите донатори ќе ја оправдаме со понатамошните наши настапи и експресно враќање во Првата Фудбалска Лига за жени“ потенцираше Оливер Јовановски алфа и омега на ЖФК „Кочани“.
С. Ивановски