„ОСОГОВО“ СО ДЕВЕТ НОВИ ИГРАЧИ НА ВТОРОЛИГАШКИТЕ НАТПРЕВАРИ

август 14, 2024
1 min read

До стартот на новото првенство во Втора Фудбалска Лига остануваат уште три дена. Кочанскиот второлигаш со девет нови играчи кои беа ангажирани во летниот период и со речиси комплетниот состав од минатото првенство ќе го започне натпреварувањето.

Со почетокот на подготовките од клубот беше најавено дека главниот приоритет во летниот преоден рок е да се донесат тројца искусни играчи, за секоја линија во составот, кои со другите играчи ќе се борат за во средината на табелата.

За жал од ветувањата не излезе ништо, дали финансиската состојба си го стори своето или нешто друго е по среди ќе остане тајна за раководните луѓе во клубот.

За време на подготовките самиот настап на екипата не влева некоја сигурност за добри резултати, но од клубот најавуваат дека едно се подготвителните натпревари во кои се трага за вистинскиот состав а друго се натпреварите за бодови.

Во летниот преоден рок жолто-синиот дрес го облекоа:

Марио Симоски (ФК „Брегалница 2008 АД“ – Штип)

Бојан Сандев (ФК „Работнички – АД“ – Скопје)

Лазе Гичев (ФК „Слога 1934“ – Виница)

Иван Николовски (ЗГ ФК „Куманово“ с. Доброшане – Куманово)

Михаил Николов (ФК „Работнички – АД“ – Скопје)

Бојан Јаневски (ФК „Вардар“ АД – Скопје)

Никола Илиевски (ФК „Рудар 1947“ – Пробиштип

Лука Јакимовски (ФК „Вардар“ АД – Скопје)

Даут Каримани (ГФК „Тиквеш 1930 АД“ – Кавадарци

Дали од клубот го повлекоа вистинскиот потег со ангажирањето на само овие играчи ќе покажат натпреварите кои започнуваат веќе во Сабота.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ