НОВ ПОРАЗ НА „ОСОГОВО“, ГРОЗДАНОСКИ ГИ ТОРПЕДИРАШЕ КОЧАНЧАНИ

септември 1, 2024
1 min read

Нов пораз на „Осогово. Денес кочанчани во рамките на третото коло од Втората Фудбалска Лига одиграа натпревар против Кожуф во Гевгелија и лесно го загубија.

Како што ни јавуваат „Осогово“ добро го започнало натпреварот и веќе во 1’ со голот на Ливарека дошло во водство. Голот како да ги збунил домаќините кои важеа за голем фаворит на овој натпревар па кочанчани имале уште две стопостотни прилики за гол кои не ги искористиле а згора на се ја погодиле и пречката.

Но домаќините кои физички се далеку поподготвени од „жолто-сините“ полека ја преземале иницијативата и се почесто напаѓале кон голот на Ѓорѓи Јованоски. Израмнувањето стигна во 42’ со голот на Дарко Грозданоски. Истиот фудбалер само три минути подоцна уште еднаш ја  затресел мрежата на кочанчани и со резултат 2:1 се замина на одмор.

Во второто полувреме неа потебни само тринаесет минути за да дарко Грозданоски постигне хет-трик. Истиот играч ја запечати удбината на „Осогово“ на две минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот.

Резултати од 30тото коло:

Кожуф – Осогово  4:1

Скопје – Вардар (Н)  2:1

Детонит Плачковица – Вардарски  1:1

Брегалница – Каменица Саса  2:1

Борец – Новаци  0:1

Македонија ГП – Победа (П)  3:0

Аресими – Башкими  0:1

Беласица – Охрид

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ