ФРАНЦУСКИ КОШАРКАР И ТОНИ ЗЕН КАКО ПОСЕБНИ ГОСТИ НА ТУРНИРОТ ВО БАСЛЕТ „3Х3“

септември 2, 2024
1 min read

Одбројувањето започна, уште три дена па ќе започне второто издание на БАСКЕТ турнирОТ „3Х3“ кој од 06-09 Септември ќе се одржи на кошаркарскиот затворен терен во дворот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, односно СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

Организаторите се погрижија годинешниот турнир кој освен спортски ќе има и забавен карактер да го претстават во многу подобро издание од минатогодишниот.

Посебно внимание на турнирот привлекува учеството на Лукас Ромен Бруно Малари од Франција кој е еден од топ 50-те натпреварувачи во Франција а истиот ќе настапи во екипата на „Кино Влае“ од Скопје.

За забавниот дел ќе се погрижи Тони зен чиј настап е договорен за 8. септември, ден кога и туронот ќе биде прогласен за затворен.

Кочанчани ги очекува тридневна добра забава.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ