„ОСОГОВО“ ВО ПОТРАГА ПО ТРЕТА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА

Во Спорт
март 18, 2022
1 минути

Во Недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 20-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

По добрата и ефикасна игра особено во второто полувреме против екипата на „Локомотива“, со доза на оптимизам „жолто-сините“ ја пречекуваат екипата на „Пехчево“.

„Жетварите“ по лошиот старт во првенството нанижаа две победи и едно реми со кое се на одличното 5-то место на табелата, место кое обезбедува пласман во следното првенство во единствената Втора Фудбалска Лига. Од таборот на „Осогово“ изјавуваат дека играчите веќе ја заборавија победата од претходното коло и дека единствено сега се сконцентрирани на новиот предизвик „Пехчево“ кој пред три кола го совладаа на гостувањето во Штип.

Во Кочани правдата ќе ја дели Владимир Ѓорѓиевски од Битола а ќе му помагаат неговите сограѓани Петар Степановски и Николче Дрнковски. Четврти судија е Дејан Лековски исто така од Битола. Делегат на натпреварот ќе биде Бранислав Јанушев од Скопје а контролата му е доверена на Бурханедин Салихи од Куманово.

Парови од 10-тото коло:

„Осогово“ – „Пехчево“

„Локомотива“ – „Каменица Саса“

„Кожуф“ – „Слога 1934“

„Детонит јуниор“ – „Победа“

„Братство“ – „Беласица“

С. Ивановски