ЖФК „КОЧАНИ“ ЈА ОТВОРА СЕЗОНАТА ВО ОХРИД

Во Спорт
септември 5, 2024
0 минути

Денес во просториите на ФФМ беа извлечени натпреварувачките броеви за екипите што ќе се натпреваруваат во Втората Женска Фудбалска Лига.

Екипата на ЖФК „Кочани“ со амбиции за враќање во Првата Женска Фудбалска Лига првенството ќе го започне во Охрид, а пред своите гледачи ќе претстави во третото коло.

Двојки за првото коло:

Билјанини извори – Кочани

Слободен – Порече 2015

Победа (Валандово) – Борец

Вардар – Плачковица

Кочанчанки значајно ги засилија своите редови бидејќи за време на преодниот рок доведоа звучни имиња на кои и го темелат оптимизмот за освојување на првото место.

Екипата на „Кочани“ се засили со „Афродита Салихи (Шкендија – Тетово), Катерина Милеска (Цевитана – Прилеп), Ангела Стојковска (Шкендија – Тетово) и Јована Велкова (Фудбал старс – Кочани).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ