ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“

септември 6, 2024
1 min read

Општина Кочани ја продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, 10-та по ред, која оваа година ќе се одржи на „Пониква“ на Осоговските Планини.

Во колонијата ќе бидат вклучени 10 ученици на возраст од 15 до 18 години од Кочани, Штип и Скопје.

Ликовната колонија започнува утре на 6 септември и ќе трае до 9 септември 2024 година. Младите уметници ќе цртаат по два мотива од кои еден од поднебјето на Кочани, еден по слободен избор.

Ликовната колонија ќе се одвива под менторство на м-р Александра Димитрова, академски сликар од Кочани.

Изложба на делата од Ликовната колонија ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024 година.

Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ