ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“

септември 10, 2024
1 min read

За време на продолжениот празничен викенд, на Пониква се одржа традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, 10-та по ред. Градоначаникот Љупчо Папазов ги посети учениците кои цртаа по два мотива од кои еден од поднебјето на Кочани, а еден по слободен избор.

Ликовната колонија се одвиваше под менторство на м-р Александра Димитрова, академски сликар од Кочани.

Изложба на делата од Ликовната колонија ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024 година на 28 септрември во Градскиот Парк со почеток во 10:30 часот.

Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ