КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА „ЦРВЕН КРСТ“ – КОЧАНИ, СОБРАНИ 35 КРВНИ ЕДИНИЦИ

септември 26, 2024
1 минути

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, доктор и персонал од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна септемвриска  крводарителска акција наменета за граѓанството.


На акцијата крв даруваа 35 крводарители од нив 8 лица до 30 годишна возраст и еден првократен дарител.


Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

Црвен Крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ