ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ ГО СПРОВЕДЕ ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ 2022

јуни 8, 2022
1 минути

Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош 2022 год.

На натпреварот настапија 8 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средни училишта.
Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на два пункта за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.

Првото место во категоријата младина и припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место и припадна на екипата од ОУ „Раде Кратовче“.

Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кои го освоија првото место во категоријата дисеминација.

Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Државниот натпревар на екипи во прва помош во месец септември.


Црвен крст – Кочани