МАРИО СИМОСКИ ПО УДАР СО ГЛАВА ЗА ПРВА ЕСЕНСКА РАДОСТ ЗА „ОСОГОВО“

Во Спорт
септември 28, 2024
1 минути

Се играше 85’ кога гостите беа во контра напад, но сакајќи да дојдат до погодок на импресивен начин погрешија и домаќините ја исфрлија топката на противничкото поле каде докде до еден гостински играч кој несмасно ја зафати и ја испрати во корнер. Паунов го изведе корнерот додавајќи ја топката до Стојов, следуваше школски центар шут на 5-6 метри од голот на гостит, акцијата ја следеше Марио Симоски кој влета и со уфар со глава го погоди самиот горен лев агол, за водство на домаќините и за првата есенска победа.

Натпреварот започна со иницијатива на „жолто-сините“ кои имаа желба што побргу да го отворат резултатот, но во таа желба изгореа и грешеа во завршницата на акциите.

Се игрљше 12’ кога Дојчинов непречен од никого биеше од само шест метри право во гостинскиот голман. Во 19’ манов од само еден метар не успеа да ја уфрли топката во мрежата по што следеше нонтра на гостите но ударот на Ристовски домашниот голман Јованоски со прекрасна интервенција го одбрани. Во 39’ судијата досуди пенал за гостите кој внесе револт на трибините и на теренот. Ударот го изведе Јордановски, но домашниот голман со пантерска интервенција ја сочува својата мрежа.

Во второто полувреме домаќините беа тие кои ја диктираа играта додека гостите умешно се бранеа а шанса бараа во контра-нападите. Играчите на „Осогово“ во вториот дел не искористија неколку изгледни прилики за гол, еднаш го погодија и дирекот и кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши без голови на сцена стапи Марио Симоски кој ја донесе првата есенска радост.

Се на се заслужена победа на „Осогово“ која и те како ќе им значи во понатамошниот дел од првенството.

Резултати од 6-тото коло:

Осогово – Борец  1:0

Скопје – Брегалница  0:0

Кожуф – Детонит Плаковица  0:0

Новаци – Беласица  0:0

Победа – Охрид  0:1

Каменица Саса – Аресими  2:1

Вардар (Н) – Башкими  0:1

Вардарски – Македонија ГО  0:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ