ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ЖФК „КОЧАНИ“, ТРИ ОД ТРИ

Во Спорт
септември 29, 2024
1 минути

Со головите на Афродита Салихи во второто полувреме (65’79’) девојчињата на тренерот Оливер Јовановски дојдоа до третата последователна победа и се осамени на првото место.

Во третото коло во рамките на Втората Фудбалска Лига за жени се играше доста ефикасен фудбал. На четири натпревари постигнати се 26 погодока или во просек 6,5 по натпревар.

Натпреварот во Кочани беше мдоста интересен но иако домаќините се надеваа на сигурна и висока победа сепак до такво нешто не дојде благодарение на добрата одбранбена игра на гостинките.

Резултати од 3-тото коло:

Кочани – Плачковица  2:0

Вардар – Слободен  12:0

Билјанини извори – Борец  8:2

Победа 16 – порече  1:1

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ