ЗАВРШЕН НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ „МЛАДИ ЕКОИНСПЕКТОРИ“ РЕАЛИЗИРАН ОД ПРОГРАМАТА „ЕРАЗМУС ПЛУС“

октомври 3, 2024
1 минути

Проектните партнери КЈП „Водовод“ – Кочани, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и Здружението за поддршка на економски развој – ЛАГ од Кочани, го организираа завршниот настан за дисеминација на проектните резултати во рамките на проектот „Имплементација на едукативен пристап базиран на активности во справување со предизвиците од загадување на урбан воздух и вода – Млади екоинспектори“, реализиран со финансиски средства од ЕУ-програмата „Еразмус плус“.

Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој го истакна значењето на едукацијата на младите за животната средина.

На завршниот настан беа презентирани проектните резултати од истражувањата на водата и воздухот во трите општини Кочани, Лариса во Грција и Пазарџик во Бугарија.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ