ДАЛИ КОЧАНИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА ИЛИ ПРЕТОВАРНА СТАНИЦА? ИМА ЛИ ИНАЕТ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ?

ноември 7, 2024
1 min read

По вчерашното обраќање на портпаролот на Министерството за екологија во текот на денешниот ден ни се јавија неколкумина некогашни градоначалници кои на некој начин се дел од тој договор.

Како што ни беше соопштено не упатија да се побара на јавноста да и се даде договор  на увид кој некој го крие како „змија нозете“.

Според нивни укажувања во Кочани не требало да има Регионална депонија туку еден вид на претоварна станица од која насобраниот смет возила од КЈП „Водовод“- Кочани истиот ќе го соберат и вендаш ќе го носат во фабриката за рециклажа што требаше да биде изградена во Мечкуевци Општина Свети Николе.

Фабриката ниту е започната, ниту пак се има размислување истата да започне да се гради што договорот дека други општини треба да истовараат смет во Кочани треба да биде прогласен за ништовен.

Апелираме до Градоначалникот на Општина Кочани уште еднаш да седне на маса со неговите колеги градоначалници од Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево да се договорат нивните Совети да донесат одлука дека тој договор не важи а не да се кочоперат пред ТВ камерите и да дават изјави дека остануваат на ставот да го носат отпадот од нивните општини во Општина Кочани.

И тажно од такви луѓе на таква функција, и смешно.

За илустрација само депонијата во село Лески (Општина Виница) е исчистена подолг период, таа е заградена со жица и нема истовар на смет на истата а Виница  се дави во смет.

Иста е состојбата и со депонијата кај м.в. „Дива топола“ (Општина Зрновци) и таа е исчистена и може истата да се користи.

За жал однесувањето на Градоначалниците од општините што сакаат сметот да се донесува од нивните општини во Општина Кочани е крајно некоректен, тоа повеќе личи на инает отколку на сериозни луѓе кои се сметаат за први во нивните општини.

И за крај зошто такво нешто не се случува во Општините Куманово, Свети Николе, Делчево и Пехчево кои се во иста група како и Општина Кочани? На ова треба да даде одговор дотичниот портпарол од Министерството за екологија на Република Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ