ИСЧИСТЕНА ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО МЕСНОСТА „КОЛЕРСКИ ГРОБИШТА“

ноември 16, 2023
1 минути

Екипите на Сектор Комунална хигиена во соработка со екипите на Сектор градско зеленило во текот денешниот ден покрај редовните работни активности, извршија темелно чистење на дива депонија во месноста “Колерски гробишта” во населбата Трајаново трло каде беа подигнати околу 15 m3 различен отпад.

Исто така со сопствена механизација беше извршено порамнување на земјена површина околу детското игралиште и подготовка на теренот за поставување на нови реквизити на ново детско игралиште чија изградба е во тек. Освен ова беше дислоциран надземен контејнер за отпад со што во иднина овде нема да се депонира никаков отпад од страна на граѓаните.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до сите граѓани за одговорно однесување кон животната средина и правилно одлагање на отпадот

КЈП „Водовод“ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ