Поради обврските на Репрезентациите на Македонија натпреварите од 12-тото коло во Втора Фудбалска Лига наместо во саботниот термин тие се поместени и ќе се играат во Недела со почеток во 13:00 часот.
Екипата на „Осогово“ го игра еден од најважните натпревари во оваа сезона и победата на кочанскиот второлигаш се наметнува како императив.
Во недела „Победа“ мора да падне во Кочани е апелот кој кон играчите го упатуваат нејзините најверни навивачи. „Осогово“ во изминатите шест кола како домаќин забележа по една победа и едно реми и дури четоро порази кои го заковаа клубот во опасната зона. Да се загубат дома од можни 18 бодови дури 14 што е многу многу па дури и премногу.
На потег се играчите кои треба во неделата и срцето да го остават на теренот за да ја исперат „калта“ за досегашните резултати.
Двојки за 12-тото коло
Осогово – Победа
Вардар (Н) – Каменица Саса
Вардарски – Новаци
Скопје – Башкими
Кожуф – Охрид
Детонит Плачковица – Беласица
Брегалница – Аресими
Борец – Македонија ГП
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ