Утре (Сабота) со почеток во 16:00 часот на програмата се натпреварите од 27-то коло во Втора Фудбалска Лига.
Екипата на „Осогово“ го игра претпоследниот натпревар во ова првенство како домаќин, а ја пречекува екипата на „Кожуф“ традиционално незгоден противник кога се игра било во Кочани било во Гевгелија. Но кај кочанската фудбалска јавност преовладува мислењето дека иако тешко сепак домаќините ќе бидат тие кои ќе им се радуваат на новите три бода кои ќе ги зацврстат во горниот дел на табелата.
Во ова коло најголемото внимание на фудбалската јавност го привлекуваат натпреварите во Струмица и Скопје каде изразит фаворит нема.
Двојки од 27-то коло:
Осогово – Кожуф
Победа – Тетекс
Шкендија (А) – Вардар (Н)
Беласица – Брегалница
Слога 1934 – Новаци
Детонит Плачковица – Каменица Саса
Големо Коњари – Преспа
Скопје – Охрид.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
