БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ ОСВОИЈА ТРИ МЕДАЛИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „13 НОЕМВРИ“

Во Спорт
ноември 10, 2024
1 минути

Во организација на Боречкиот Клуб „Тефејуз“ во саботата во  Спортската сала „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа 18-тиот меѓународен турнир во борење слободен стил „13 Ноември“ на кој зедоа учество борачи од Македонија, Турција, Албанија, Бугарија и Косово.

На турнирот се натпреваруваа борачи од генерациите 2009, 2010 и 2011 година.

Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани учествуваше со шест борачи кои освоија три медали од кои по една златна, сребрена и бронзена.

Даријан Павлев освои златен медал во категоријата до 68 килограми, Павел Темелков освои сребрен медал во категоријата до 68 килограми, а со бронзен медал се закити Едис Билалов во категорија до 48 килограми.

Останатите тројца борачи: Јован Илијев, Андреј Јованов и Беркај Билалов останаа без пласман.

Тренер на борачите беше Иван Јанев а кочанското борење го претставија и судискиот двоец Игор Христов и Гоце Ангелов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ