ДАРИЈАН ПАВЛЕВ И ЈОВАН ИЛИЕВ ГИ ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-15

Во Спорт
мај 4, 2024
1 минути

Членовите на БК „Спартак“ од Кочани Даријан Павлев и Јован Илиев од денес се на подготовки со репрезентацијата на Македонија за претстојното Европско Првенство У-15.

Подготовките започнаа днес во Штип и истите ќе траат до 13 Мај од каде Репрезентацијата ќе замине на Европското Првенство У-15 кое од 15-19 Мај ќе се одржи во Лутраки (Грција).

Со репрезентативците во Штип ќе работат тренерите Јасин Реџелари, Зоран Сребренов, Рамадан Шабани и Ангел Стефанов.

На борачите им посакуваме добри подготовки и успешен настап на Европското првенство со закитување по некој медал.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ