НА ПОТПОРНИОТ ЅИД (Р’ТМОТ) КАЈ „ЛЕТНАТА СЦЕНА“ МУ Е ПОТРЕБНА САНАЦИЈА!

ноември 11, 2024
0 минути

Како што не информираат наши сограѓани потпорниот ѕид (р’тмот) во близина на „Летната сцена“ е оштетен и потребна е негова санација.

Имено во дописот што ни е испратен посочуваат дека ѕидот е веќе доста искривен и целиот е напукнат и постои можност за негово рушење што ќе предизвика поголема штета.

За тоа сведочи како што наспоменуваа неговата оддалеченост од плочникот која засега е неколку сантиметри.

Апелираме до надлежните служби да појдат на самото место да се уверат во веродостојноста до она што ни пишуваат нашите сограѓани и доколку се во можност да извршат негова санација.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ