НА КОЧАНЧАНЕЦ МУ ГИ ЗЕЛЕ ПАРИТЕ А ОСТАНАЛ БЕЗ ДРВА

март 21, 2024
0 минути

На 20.03.2024 во 13.13 во СВР Штип, 90 – годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари.

Според пријавеното, околу 12.40 часот во неговиот дворот влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен.

Како што е пријавено, откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Соопштение  од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ