ПРЕТРЕС ВО КОЧАНИ, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЧЕТИРИ ЛИЦА

ноември 26, 2024
0 минути

На 25.11.2024 во 20.40 часот во Кочани, полициски службеници од

Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода С.А.(43), С.М. (22) и У.К. (26), тројцата од Кочани и И.С. (37) од Пробиштип. При претрес во домот на  С.А. во Кочани, во кој биле затекнати и С.М., У.К. и И.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени. С.М., У.К. и И.С. биле затекнати при користење хероин и притоа, исто така со судска наредба, бил извршен претрес на У.К. и била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Одземената дрога била дадена на вештачење, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение  од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ