ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ОД КОЧАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА 29-ТИ НОЕМВРИ РОДЕНДЕНОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА

ноември 29, 2024
1 минути

Годините минуваат, навики остануваат па така денес членовите на ЗД „Јосип Броз ТИТО“ од Кочани останаа верни на традицијата, го прославија денешниот ден 29-ти Ноември, роденденот на некогашната држава, Југославија.

Колона од десетина возила украсени со тробојката на Југославија и Македонското знаме продефилираа низ улиците во централното градско подрачје. .

За потсетување, на денешен ден 1943 година во босанското гратче Јајце во своето обраќање пред присутните делегати водачот на Југославија Маршалот Јосип Броз Тито од  говорницата меѓу другото кажа дека Македонија ќе биде рамноправна Република во склопот на Федерацијата на Југославија и дека народот ќе си зборува на чист македонски јазик, а Македонците како народ ќе бидат рамноправни со останатите народи и народности.

Ден кој осана длабоко врежан во меморијата на повозрасните генерации.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ