КЈП „ВОДОВОД“: ПОРАДИ НЕСООДВЕТНО ДЕПОНИРАН ОТПАД ИЗМЕШАН СО ГРАДЕЖЕН ШУТ, ОШТЕТЕН ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР

декември 4, 2024
1 минути

Вработените во KЈП „Водовод“ Кочани подолг временски период работеа на сериозно оштетен хидрауличен систем и рампа за подигање на подземен контејнер на паркингот кај зградата “Треска”.

Рампата за подигање и хидрауличните системи на контејнерот беа оштетени од несовесни граѓани кои депонираат несоодветен отпад кој беше измешан со градежен шут. Поради ова настанати беа сериозни оштетувања на целата конструкција на подземниот контејнер.

КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните прописно да го одлагаат отпадот во садовите наменети за депонирање на отпад, а особено се забранува депонирање на градежен шут и цврст кабаст отпад бидејќи многу често се оштетуваат хидрауличните системи на контејнерите кои не се предвидени за депонирање на ваков вид на отпад!

KЈП „Водовод“ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ