Вечерва и официјално беа доделени признанијата на најуспешните спортисти во Кочани за 2021 година.
Посебно признание за развој на кошарката во Кочани постхумно му беше доделено на Сашо Лазарев – Чапо, а Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов признанието му го врачи на Дино Лазарев.
За најуспешен клуб е прогласен Џудо Клуб „Гладијатор“ ,а Александар Андов го понесе признанието „Најдобар тренер“.
Во категоријата „Млад надежен спортист во Кочани за 2021“ беа номинирани тринаесет натпреварувачи, а комисијата одлучи на сите да им додели посебни благодарници без да има рангирање.
Годинава престижното признание „Најуспешен спортист на Кочани за 2021“ за кое имаше шест номинации го понесе Ристе Симеонов член на КГС „Кочани“. На второто место е Стефанија Павлова (ЏК Гладијатор), а третопласиран е Дино Лазарев (Баскет Дино). Тоше Манов (ГФК Осогово) се пласираше на четвртото место, а на петтата позиција застана Димитриј Спасов (КГС Кочани). Дамјан Крстов (ЏК Гладијатор) е шестопласиран.
Годинешниот настан се одржа во Ресторан „Але Дар“ во Кочани.
С. Ивановски