IN MEMORIAM

декември 23, 2024
1 минути

Кочани остана без уште еден голем спортски работник. Почина Љубомир Јанев – Бисе.

Кочанчани ќе го паметат како долгогодишен Претседател на Кошаркарскиот Клуб „22 Октомври“, а во два мандати ја извршување функцијата Претседател на Источниот Кошаркарски Регион.

За време на работниот век ја извршуваше функцијата Комерцијален директор на „Жито ориз“ – Кочани, а во Собранието на Општина Кочани беше задолжен за инвестициите со фабриката за гуми што требаше да се гради во Кочани. Во осумдесеттите години беше Претседател на Извршниот Совет на Општина Кочани.

Нека му е вечна слава

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ