Во соработка со Општина Кочани, книгата за деца „Во светот на палавите епиграмчиња“ од познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски, беше промовирана во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
Станува збор за книга за деца која е отпечатена и со фонтот глаголица нова на Ласко Џуровски, графички дизајнер и типограф.
Беше забавно, интетесно и креативно. На интерактивен начин ученици од основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Раде Кратовче“ кои со поддршка од менторките Љупка Соколова и Светлана Кралова, поставуваа прашања и презентираа епиграми од авторот, но и свои. Воедно, учениците се запознаа и со епиграмот како литературен жанр.
Ѓорѓијоски ја претстави својата творечка дејност, нагласувајќи го значењето на оваа книга со илустрациите на Софија Ситновска, средношколка од Македонска Каменица, овогодишна добитничка на наградата „Пјер“ на српскиот весник „Вечерње новости“.
Книгата ја промовираше Љубинка Ајтовска која воедно е лектор и рецензент на истата.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ