ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ЗА ДЕЦА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

ноември 28, 2023
1 минути

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември,  ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани на 29 ноември, среда во 11 часот ќе го одбележи со промоција на две книги за деца со реализација на интерактивни, – инклузивни работилници.

Првата книга е со наслов „Приказна за деца – Посебностите се ретки, чувајте ги и учете од нив“ од авторката Наташа Брезосвска – Богоевска, и самата тема на книгата и инспирацијата за истата е поврзана токму со деца-ученици со попреченост.

Втората книга со наслов „Кошница со овошје“ е од авторката Сања Стојанова. За двата наслови ќе бидат реализирани интерактивни, инклузивни работилници со ученици, на кои координатори на работилниците ќе бидат самите авторки.

Двата наслови се достапни во аудио верзии за потребите на лицата со оштетен вид, слепи и слабовидни.

Со тоа, даваме акцент дека сите ние треба да дадеме свој придонес во прифаќањето на сите околу нас, бидејќи сите сме еднакви под ова сонце. Да се смени стереотипното однесување, да се намалат стигмите кон луѓето со пореченост и да се крене свеста за интелектуалната попреченост.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ