Оваа година за првпат во општина Чешиново Облешево ќе се организира Бадникова поворка.
ООУ „Климент Охридски“- Облешево и парохиските свештеници од МПЦ организирано ,со пеење на песната Вечниот Бог, на 6 – ти Јануари во 10ч. од пред првавославниот храм Св.Недела во с. Облешево ,ќе ја формираат најдолгата Бадникова поворка.
„Со многу љубов ве покануваме сите – дечиња, родители, баби и дедовци – да ни се придружите . Со носење на златни ѕвезди и пеење на песни да го најавиме Христовото раѓање во секој дом од нашата општина . Да допреме до секое православно семејство и да ја пренесеме Божиќната радост до секое срце“ рекоа организаториѕе на овој убав настан.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ