ВО СРЕДА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПИСМАТА НА ЉУБОМИР МИЛЕТИЧ ДО АФАНАСИЈ М. СЕЛИШЧЕВ“

јануари 20, 2025
1 минути

ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со Државен архив и Институтот за национална историја, во среда 22 декември 2025 година, во 12 часот организираат промоција на книгата „Писмата на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (Историја на една мистификација)“ од авторот д-р Бранислав Светозаревиќ, во издание на Државен архив.

Исто така и отварање на изложбата: „Асном-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, посветена на еден значаен јубилеј, 80 години од одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија -АСНОМ.

Изложбата ќе биде поставена до 1 февруари 2025 година, сите заинтересирани граѓани и ученици ќе можат да ја посетат од 7 до 18 часот, секој работен ден.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ