ЗАТРУПАНА СО СМЕТ „ПОНИКВА“ ГИ ПРЕЧЕКА ДЕНЕШНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

јануари 26, 2025
0 минути

Огреана со јануарското сонце  и затрупана со смет, денес Пониква најавувана како туристичка дестинација ги пречека посетителите.

А тие љубители на природата и на зимскиот туризам имаа што да видат. Уште на паркингот на Пониква купишта смет кој кучињата скитници го разнеле на сите страни.

Посетителите кои ни ги испратија фотографиите како под договор кратко искоментираа: „Денес дојдовме, но по она што го видовме тешко дека пак некогаш ќе се вратиме овде. Ова е лудило, ова го нема никаде, сакаат да развиваат зимски туризам ама на ваков начин тешко дека ќе успеат. Срам да им е“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ