Иако беше предвидено генералката пред почетокот на вториот дел од првенството да се одигра во Виница против тимот на Слога, сепак тимот од Виница го одложи овој натпревар, а Осогово одигра генералка натпревар против БВК Коњаре екипа која се натпреварува во Трета лига-Север, најдобриот регион во третите лиги. Натпреварот се одигра во Скопје, а Осогово победи со 3:0. Осогово одигра одличен натпревар и со головите на Марио Симоски и новото засилување Владимир Жоглев кој постигна два погодоци успеа да слави на генералката пред првиот натпревар од пролетниот дел кој треба да се одигра наредната сабота во Неготино. На овој натпревар настапи и новиот играч, Нешат Мурати дефанзивец кој доага од тимот на Кукс од Албанија, а има настапувано и за Арсими и Шкендија. Се надеваме на подобри резултати на Осогово во пролетниот дел, со подршка од нашите навивачи како на домашен терен, така и на гостински натпревари и очекуваме остварување на нашата главна цел, а тоа е опстанокот во Втора лига која Осогово и Кочани ја заслужуваат.
ГФК „Осогово“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ