БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“, НАЈАВА ЗА ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ И РАБОТИЛНИЦА СО НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ

февруари 12, 2025
1 минути

Утре, четврток, 13 февруари по повод Св.Трифун и Св. Валентин, ЈОУ Библиотека „Искра“, организира два настани.

Во 11 часот организира поетско-ликовна работилница ,,Виното и љубовта, вечна инспирација“ во соработка со Училиштето за цртање при НУЦК „Бели  мугри“ – Кочани. Учениците инспирирани од поетските творби посветени на виното и љубовта, напишани од членовите на ЛК „Копнеж“ ќе цртаат ликовни дела.

Од оправдани причини, работилницата наместо во петок ќе се реализира во четврток.

Во  12 часот ќе се реализира литературното читање на членовите на ЛК „Копнеж“

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ