ЈОУБ „ИСКРА“ – АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКОТО ПРАВО

април 17, 2024
1 минути

По повод 23 Април, Меѓународниот ден на книгата и авторското право, ЈОУ Библиотека „Искра“ организира настан со неколку програмски содржини, кои ќе се реализираат утре 18 април.

  1. Во 13 часот, традиционално во подрачната библиотека во Оризари ќе бидат прогласени најдобрите читатели од нас. Оризари.
  2. Во 15:15 часот со авторот Елеонора Николовска ќе се реализира интерактивно предавање за креативно пишување „Твориме заедно“ со ученици и соработка со ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари.
  3. Во 17 часот, во ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе се реализира промоцоја на најновата книга на авторката Елеонора Николовска „Моето алтер его“.

На промоцијата со музички точки ќе учествуваат ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани како и музички точки на гитара во изведба на Евгениј Стоименов Јосифовски.

По повод 23 Април, најдобрите читатели од Кочани, во ЈОУ Библиотека “Искра“ во Кочани ќе бидат прогласени на 22 април во 12 часот во библиотеката во Кочани.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ