Онака како што ветија пред натпреварот, играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Во Скопје. Кочанчани во рамките на 17-тото коло му гостуваа на „Скопје кое важеше како фаворит на овој натпревар, но „жетварите“ со борбена и дисциплинирана игра одиграа без голови.
На „воденицата“ на кочанчани оди и поразт на „Борец“ на домашен терен од „Победа“ како и новиот пораз на „Вардарски“.
Во Струмица Неготинчани доживеаја вистински бродолом како и екипата на „Детонит Плачковица“ која како домаќин загуби од „каменица Саса“.
„Брегалница“ дојде до три бода на натпреварот со „Новаци“ а „Охрид“ успеа да одигра нереѓено со „Аресими“.
Најголемото изненадување во ова коло го направи екипата на „Башкими“ која како гостин го изненади водечкиот тим на „Македонија ГП“.
Резултати од 17-тото коло:
Скопје – Осогово 0:0
Беласица – Вардар (Н) 4:0
Аресими – Охрид 1:1
Македонија ГП – Башкими 0:1
Борец – Победа 0:1
Брегалница – Новаци 3:1
Детонит Плачковица – Каменица Саса 1:2
Кожуф – Вардарски 1:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ