Се одиграа натпреварите од второто коло во Трета Фудбалска Лига – исток во кое се постигнати 19 погодоци или во просек 3.16 по натпревар.
„Осогово“ од Малешевијата се враќа со еден освоен бод, откако денес со домаќинот „Малеш“ одиграа 1:1. Во првото полувреме мрежите мируваа, а домаќините го отворија резултатот во 53’ со голот на Арменски. „жетварите“ го израмнија резултатот и дојдоа до бод само седум минути подоцна, стрелец на погодокот Манов 60’.
Во Чешиново како и во Дојран немаше победник, додека на останатите три натпревари триумф за домаќините.
Резултати од 02. коло:
„Малеш“ – „Осогово“ 1:1
„Академија Ч-О“ – „Овче Поле“ 2:2
„Брегалница“ (Д) – „Тиверија“ 1:0
„Победа“ (В) – „Вардарски“ (Б) 4:0
„Дојранско Езеро“ – „Карбинци“ 2:2
„Спартмани“ – „Рудар“ 3:1
На табелата во водство се екипите на „Осогово“ (7:1); „Малеш“ (3:1); „Овче Поле’ (6:5); „Академија Чешиново-Облечево“ (4:3) сите со по 4 бода, „Тиверија“ (5:2); „Спартмани“ (6:5); „Рудар“ (4:4); „Брегалница“ (2:2) сите со 3, „Дојранско Езеро“ (3:5); „Карбинци“ (2:4) со 1 бод и „Бардарски“ (1:9) 0 бодови.
Во третото коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Дојранско Езеро“.
С. Ивановски