НА КРАЈОТ ОД ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ НА ПРВЕНСТВОТО, „ОСОГОВО“ НА СЕДМОТО МЕСТО

Во Спорт
декември 14, 2021
1 минути

Со одигрувањето на двата заостанати натпревари од 15-тото коло, денес и официјално беше спуштена завесата во Втора Фудбалска Лига – Исток. Поради врнежите на снег и дожд и немањето услови за игра во саботата беа одлежени два натпревара „Детонит Јуниор“ – „Осогово“  и „Кожуф“ – „Братство“.

Денес во Радовиш на теренот кој повеќе личеше на изорана нива отколку на фудбалски терен „Детонит Јуниор“ и „Осогово“ ги поделија бодовите со најнепопуларниот резултат 0:0. А каков резултат може да се очекува на ваков терен во кој топката беше повеќе во воздухот отколку на теренот па затоа и голманите од двете екипи останаа неоценети.

Во Гевгелија пак домаќинот „Кожуф“ со судни маки го совлада „Братство“ и освои три големи бода во борбата за зачувување на второлигашкиот статус.

Комплетни резултати од 15-тото коло:

„Детонит Јуниор“ – „Осогово“  0:0

„Кит Го“ – „Каменица Саса“  0:1

„Беласица“ – „Слога 1934“  3:0

„Победа“ – „Локомотива“  4:0

„Кожуф“ – „Братство“  1:0

На табелата води екипата на „Победа“ со 32 бода исто како и „Слога 1934“ но со подобра гол-разлика, На третото место е „Каменица Саса“ со 31, пред „Беласица“ 28, „Кожуф“ 20, „Кит Го“ и „Осогово“ по 19, „Детонит Јуниор“ 16, „Братство“ 7 и „Локомотива“ 6.

Пролетниот дел на првенството започнува на 19.02.2022 година со натпреварите од 16-тото коло во кое „Осогово“ ја пречекува „Беласица“.

С. Ивановски