Реконструираното фудбалско игралиште во дворот на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, денес со мала свеченост беше пуштено во употреба.
Честа да го пуштат во употреба игралиштето од кое најголемиот бенефит ќе го имаат учениците ја имаа Министерот за спорт на Република Македонија Борко Ристовски и Директорот на ООУ „Никола Карев„ Александар Андов.
По сечењето на лемата и по интонирањето на химните учениците од училиштето одиграа меѓусебен фудбалски натпревар на кој актери беа и Министерот Борко Ристовски и Директорот Александар Андов.
Во знак на благодарност за вложениот напор да се обезбедат финансиски средства од Министерството за спорт на Република Македонија за реконструкција на ова игралиште, домаќинот на Министерот му врачи признание, дрес ставен во рамка.
Подлогата на реконструираното игралиште е од вештачка трева, а на на западната страна од него се наоѓаат трибини.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ