СО ИЗМАМА МУ ЗЕМАЛЕ 7.056 ЕВРА

февруари 9, 2022
1 min read

На 08.02.2022 во 18.00 часот во ОВР Кочани, 60-годишник од село од општина Чешиново – Облешево пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 7056 евра.

Според пријавеното, тој добил меѓународен телефонски повик од едно лице кое во име на правно лице му понудило да му продаде 50.040 килограми пелети за наведената сума на неговото правно лице.

Како што е пријавено, после тоа на 14.01.2022 тој во име на неговото правно лице извршил уплата на сумата, но договорената количина на пелети не била испорачана, а деловната комуникација била прекината.

Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Дневни билтени од СВР  Штип