ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ТОДОСИЕ ПАУНОВ“

март 7, 2025
0 минути

Започнаа градежните активности на дел од улицата „Тодосие Паунов“ пред Полициската станица – Кочани. Се реконструира левиот крак на улицата во ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри.

Во склоп на работните активности се вклучува и замена на 5 канализациони шахти и 2 сливници.

Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“ од Кочани.

Воедно се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила и прописи.

Опшина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ