ПОСТАВУВАЊЕ ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА НОВИОТ ПАРКИНГ ПРОСТОР НА УЛ. „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

септември 17, 2022
1 минути

Во склоп на реконструкцијата на улицата „Стево Теодосиевски“ изграден е и нов паркинг простор до новоизградената коловозна лента.

Во моментот од страна на фирмата назначена за поставување и одржување на јавното освелување се работи на поставување јавно осветлување на новиот паркинг простор со цел за безбедно паркирање на возилата.

Новиот паркинг простор овозможува паркирање на околу 40-тина возила.

Општина  Кочани