ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ПРОТИВ ФАВОРИТОТ ВО ТРКА ЗА ТРИ БОДА

Во Спорт
април 25, 2025
1 минути

Во рамките на 26-тото коло од Втората Фудбалска Лига кое на програмата е во Сабота со почеток во 16:00 часот неколку интересни натпревари го привлекуваат вниманието на љубителите во фудбалот.

Во Кочани нам мегдан на „Осогово“ му доаѓа еден од кандидатите за највисок пласман „Башкими“ Во последните три дуели кумановчани беа победници што не значи дека и во утрешниот натпревар бодовите им се загарантирани, напротив „жолто-сините“ одат на победа и на освојување на три бода кои многу ќе им значат во преостанатите четири кола.

Кочанчани и во претходните кола како домаќини играа на победа, но луѓето задолжени да ја делат фудбалската правда секогаш беа главната пречката што им ја скратуваа радоста. Како ќе биде утре се зависи и од арбитражата на Марјан Дејаноски од Кичево и неговите помошници.

Дерби на колото се игра во Штип каде „штипските сини“ го дочекуваат лидерот на табелата. Ништо помалку лесна задача нема да има и Аресими на гостувањето во Радовиш каде екипата на Горан Здравков игра допадлив фудбал и за неа нема лесен и тежок противник.

Двојки од 26-тото коло:

Осогово – Башкими

Вардар – Борец

Брегалница – Македонија ГП

Детонит Плачковица – Аресими

Кожуф – Беласица

Скопје – Охрид

Вардарски – Победа

Каменица Саса – Новаци

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ