ТРИБИНА: „БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО“ (НАЈАВА)

април 28, 2025
1 минути

На 29 април 2025 г. со почеток во 18 ч. во Спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“, во организација на Општина Кочани ќе се одржи трибина на тема: „Безбедноста на прво место“, посветена на учесниците во сообраќај со велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

Под мотото „Безбедноста на прво место“ Општина Кочани, МВР ОВР Кочани ПО за БПС Кочани и ОСБСП Кочани организираат трибина за сите родители и за учениците од средните училишта и учениците од деветтите одделенија од основните училишта во Кочани за зголемување на безбедноста на нашите деца во сообраќајот.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, претставници од Општина Кочани, ОСБСП Кочани и Центарот за социјални работи Кочани ќе ги презентираат законските обврски за управување велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

Низ непосреден контакт со учениците од средните училишта и нивните родители ќе се дискутира и превенира кршењето на постојните правила и прописи, законските обврски, постапки и процедури сѐ во интерес за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот со посебен фокус и приоритет на малолетните ученици.

Трибината е настан со интерактивен карактер и очекувања за активност на сите учесници со кратки, јасни и разбирливи дискусии, препораки или прашања, меѓусебно разбирање и почитување сѐво интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ