ПО СИНОЌЕШНАТА АКЦИЈА НА МВР И УЈП, ТРИ ЛОКАЛИ ВО КОЧАНИ СЕ ЗАТВОРЕНИ

февруари 13, 2022
0 минути

По синоќешната акција што беше спроведена од страна на МВР и УЈП во угостителски објекти во градот и во едно казино, епилогот е три угостителски објекти се затворени.

Според она што го дознаваме во објектите биле затечени гости без сертификат, како пушат и не издавање на фискални сметки.

Се очекува официјално соопштение по што ќе бидат познати причините за затворањето на објектите.

С. Ивановски