ГЕРИЛА АКЦИЈА – „КОНТЕЈНЕРИ“

мај 23, 2022
0 минути

Нова локација, нова герила акција, стари навики.

Повторно ноќни лудории, повторно расфрлање смет на сите страни, па дури и наопаку свртени контејнерите кои се токму да го собираат сметот.

Очигледно некој сака Кочани да биде нечист град и да си поигрува со чувствата на оние кои Кочани си го познаваат како еден од најчистите градови дури и на просторпт на некогашната заедничка држава.

Што и да се коментира веќе е залудно. Нека биде само запишано за новата герила акција – „Контејнер“.

С. Ивановски